Радомир Латкоски е роден 1938 година во Охрид, каде што таткому се преселил од Велгошти. Во охрид завршил основно образование , учителска школа во Битола и ПА во Штип. Работел како учител во с. Житињани, Дебарско, с. Љубаништа, Охридско, наставник во с .Ѓавато, Битолоско, просветен советник бил во Заводот за школство во Штип, новинар на повеќе места, а сега е во Редакцијата за култура, образование и уметност при Радио-Скопје (1982 година кога е издадена книгата за Велгошти) .
Има објавено дваесетина раскази за деца. Цел еден циклус на раскази е со наслов „За децата под Пертино”, а „На каменот земја на земјата леб” е расказ за Пертинскиот чај и за неговата вредност во повоениот период. Има предложено за објавивање збирка на раскази под наслов „Приказни од првата полица на срцето”. Во неа ке се најдат расказите што досега ги има објавено во периодиката и што се наградувани на анонимни конкурси. Меѓу нив ке се најдат и следните „Лебарка”, „Монолог меѓу две езера”, „Под Петрино пред умирачка” и др. На Фестивалот „Златно славејче” се пеанинеговите две песни: „Празнична” и „Имам братче малечко”.