Центарот за управување со кризи информира за активни шумски пожари на локалитетот „Јачмиште“ во село Белица, Македонски Брод и во атарот на село Велгошти и село Лескоец.
Од таму велат дека и двата пожара се на тешко пристапни делови, а гори ниска вегетација.
Пожарот што вчера околу 17 часот избувна во месноста „Гавранов камен“ над селото Лескоец, охридско, е ставен под контрола, информираше денеска Славчо Голабоски, директор на ЈП Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид.
Веднаш на терен излегоа екипи на нашето јавно претпријатие. Упатувам благодарност до месното население од Велгошти и Лескоец, кое многу ни помогна. Наши екипи од утрово повторно се на терен, пожарот е целосно изгаснат и ставен под контрола. – истакна за ohridnews.com Голабоски.