Просветен работник, учител ,играорец.
Роден во Велгошти на 27.08.1945 година како шесто дете во сиромашно семејство од седум деца, татко Лазор и мајка Шана. После неговата петта година останал без еден родител- неговиот татко. Основно училоште учи во неговото родно место Велгошти, кое не успеал да го дозаврши, за што честопати знаел да каже „Ако не ме земеја војска ќе завршев 8-мо! ”.
Неговиот татко Лазор Крлески бил исто играорец и така неговиот син продолжил по неговите стапки. На неговата 17-18 годишна возраст бил еден од првите основачи на Играорната група „Гердан” во Охрид. Со „Гердан”- Охрид имал многу турнеи низ цела Европа со кои успеал да игра и пред Англиската кралица Елизабета, пред Јосип Броз – Тито и пред Холандската кралица Јулија. Неговото прво работно место било во фабриката „Лихнида”- Охрид.
Во „Лихнида” работел скоро15 години, потоа преминува во „Застава” по барање на директорот на „Застава” , каде што продолжил да работи . После долг период го превзема друштвото КУД “Застава” во склоп на фабрика, се до неговото пензионирање. Со тоа друштво исто така продолжува со турнеи низ цела Европа (Холандија, Чешка, Полска, Италија, Франција, Германија, Балканските земји и др…). После долга работа во КУД „Застава” отвара свое приватно друштво во своето родно Велгошти. Основач е на КУД „Живко Чинго“ кое е отворено во 1994-95 година, кое подоцна е преименувано во КУД „Илинден” во 2001 година. Со ова друштво исто така се изведени многу турнеи, фестивали и размени на друштва. Во тоа друштво поминале многу генерации, не само од Велгошти туку и пошироко.
Најголемата радост и гордост беа неговите играорци. Спречен од животните бури, за жал не успеал да ја исполни неговата најголема желба- играорната група да ја однесе на турнеа во прекуокеанските земји. После тешко боледување, починува на 03. 10. 2011 година, преселувајќи се во светот на легендите. Неговата последна желба била, и се оствари, друштвото продолжи да работи со неговиот заменик Речкоски Никола.