Култура

kud-ilinden-logo

По културно ниво Велгошти од секогаш се наоѓало по Охрид. И по менталитетот има доста заедничко со Охридскиот “Варош” Високиот степен на култира се огледа во односот на Велгоштани ,во нивниот начин на живеење,во уредувањето на домовите т.е.по сите видови на народно културно живеење. Верските празници немаат само религиозен карактер,туку се значајни и од културен аспект. На нив доаѓа до израз богатиот народен фолклор и спрамноста за негово збогатување и осовршување. Народната орска мелодија има своја долга традиција .Во минатиот век на тоа поле врвни резултати постигнала фамилијата Ничевци.

Првиот свирач на кларинет бил Ристо Ничоски-Брно.Свирката на Брно била на далеку позната .Тој им свирел на свечености (на свадби ,крштевки ,празници,и други семејни веселби) и на сточарите Власи што доаѓале на планината Исток и Петрино дури од егејскиот дел на Македонија и Грција меѓу двете светски вијни. Од Брно е и денеска популарното народно оро ,што е познато како Велгошко оро . Тоа сеуште се свири и игра во секоја пригода а најчесто на свадби.

Играорна група

Велгошката играорна група била од секогаш активна .Во Велгошти имало добри играорци. Браќата Китрозовци (Стојан,Кирил, Гоше ,Петруш и други) кога биле на печалба во Америка настапувале со ора од нашето поднебје а во 1937/38год. учествувале и на фестивал во Белград. Кон оваа група се приклучиле и други Велгоштани ,меѓу кој и Крлески Лазор.

При играње на “Велгошкото оро” било атракција нивното кревање полна чаша со ракија од патос, носење шише и чаша со глава и друго. Традицијата на Велгошките играорци продолжува и денес. Доста активна е фолклорната група на КУД ,,Илинден“ долги години под водство на Крлески Слободан ,но во 2011 по долго боледување Слободан починува ,и улогата на водач на КУД ,,Илинден“ ја презема Никола Речкоски .

КУД “ИЛИНДЕН”е формирано во 2001 год.во кое учествуваат 150 членови на воздраст од 5 до 65год. Го негува богатиот и атрактивен изворен македонски фолклор. Располага со оргинални стари носии стари преку 50 години,и традиционални музички иструменти како што се тапанот,гајдата и кавалот. Од своето постоење учествувало на многу фестивали каде редовно добива признанија и награди.

kud-ilinden-01kud-ilinden-02

Куд “Илинден” Велгошти – Охрид Македонија

Tел. ++389 46 288 778

Моб. Tел ++389 70 533 515

e-mail: fda_ilinden@yahoo.com , kudilinden@velgosti.com