Во 48 та година од животот утрово во Охрид почина проф. д-р. Васко Речкоски, истакнат професор од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Денес во вечноста замина нашиот колега и пријател Проф. Васко Речкоски, најтивкиот професор што имаше многу да каже.
Бог да го прости и да му даде вечен мир.
Изразувам длабоко сочувство до семејството, напиша на својот ФБ профил деканот на ФТУ, Цветко Андреески.