На падините на ридот Олмец се наоѓа манастирот „Света Петка“. На средната страна од надворешниот дел на петтостраната апида е забележан следниот запис: „Света Петка. Изградена по повелба на цар султан Абдул Хамид.Помош на народот во времето на игуменот Наум Илиев. Во лето 1890 22мај“.
Света Петка е едноброда базилика со две куполи.Иконостасот е нов, но има икони што се регистрирани како споменици на културата при Републицкиот завод за застита на спомениците ,меѓу кои е Богородица со Христа. Има киват од 1833 год. Под сегашната црква има остатоци од малтер на пештерска црква.
Црквата е проширена во 1922 год.за време на свештеникот од с.Велгошти Алексо Шокароски. Името на монахинјата Параскева ,односно Петка,на Балканот се појавило на кралот на Х и поцетокот на ХI век. Св.Петка (Параскева) е позната со својата чудотворна моќ за леченје на тешки заболуванја.

За градбата на манастирот Света петка има легенда во која се вели дека Велгоштани почнале да и градат црква во знак на благодарност кон светицата за добрите дела .Градбата почнала во близина на селото .Изграденото ноќта Света Петка го разурнала . Тоа се повторило и вториот ден ,па мајсторите третиот ден поставиле стража. На мајсторите им рекла дека ја урива градбата зошто тука не сака да и градат црква туку на местото каде што сега се наоѓа.
Во манастирската црква во август се изведува поетска вечер на еден од најголемите македонски писатели Живко Чинго, родум од селото Велгошти.

sv petka-stara

svpetkastara
20150412_110757 (2)
1058661_10200135444097492_2100302934_n
600246_10200193630432114_1167740350_n

Св.Петка Некогаш

svpetkanova

Св. Петка Денес

13091993_1090111561052091_3864009178308451741_n

Манастир Св. Петка
Адреса:
Велгошти
Охрид
Р.Македонија

Телефон: +389 70 317 366

Домаќин Богдан: +389 75 602 442

За повеќе информации контактирајте го Манастирот