Во Велгошти и по новите неколку сантиметри снег нема проблеми но за својот добиток стравуваат  селаните од охридските села Ливоишта и Свињишта, чии бачила останале завеани во планините.

zaveani12Тие не можат да стасаат до овците и крупниот добиток поради огромните наноси на снег. Бараат помош од локалните власти и од државата да се исчисти патот за да можат да го спасат добитокот. Станува збор за само неколку километри пат кој веќе со денови е непрооден.

 

 

velgosti.com