Пред две години Велгоштани добија канализациона мрежа, при што оваа приградска населба беше приклучена на градската канализација од страна на Локалната сампоуправа, но улиците кои се раскопаа при поставувањето на канализацијата и по две години стојат така и едвај се поминува по нив.
Неколкуте досегашни реакции на жителите по се изгледа не вродуваат со плод, за реконструкција на улиците, за кои тие се жалат дека се принудени да ги поминуваат било да е по кал во дождливо време или во прашина. И покрај тоа што од нивна страна беше напомеанто дека денешниот собир нема никаква политичка позадина, туку е со цел барање до надлежните, улицата да биде асфалтирана, по се изгледа како што сме навикнати тоа ќе се случи догодина во пресрет на локалните избори.
Извор: moris.com.mk