Во саботата на 26-ти мај 2012 година по повод денот на нашите просветители Св.Кирил и Методиј ,се празнуваше и чествуваше во градот Елванген Германија, град во кој Св. Методиј поминал две и пол години во затвор заради прогонот со кој се соочил од тогашните црковни власти.Информаира Велгоштанецот од Минхен  Германија Саше Баловски .

Свеченото чествување започна во 11:00 часот во базиликата на ..Ст. Витус во градот Ellwangen . Со молебенот во чест на Св. Методиј кој го отслужи нашиот парохиски свестеник отец Миле Вељановски.

 

На молебенот присуствуваше амбасадорката на Р.Македонија во .Германија г-га Корнелија Утевска Глигоровска како и повеке преставници од нашите црковни општини, клубови и заедници во Јужна Германија.

По молебенот, на Методиевиот плостад ( Методиус Платз) се одржаа поздравни говори од страна на градоначалникот на општината Елванген г-динот Хилсенберг, амбасадорката на Р.Македонија и претставници на дипломатско-конзуларните претставниства на Русија, Бугарија, Ческа и Словачка.

На крајот следеше полагање венци свежо цвеќе на спомен -плочата на Св .Методиј како и коктел во општинската зграда на градот Елванген ,со што заврши официјалниот дел на манифестацијата ,,Методиеви денови 2012“.

Истата вечер ,во организација на Црковната општина ,,Св.Кирил и Методиј“-Штутгарт и Македонскиот клуб ,,Македонија“-Штутгарт беше организирана прослава.

На прославата нашата амбасадорка г-га Утевска-Глигоровска ги поздрави присутните гости и даде ветување дека следната година нивниот допринес и заложби за оваа манифестација ке бидат на повисоко ниво ,се со цел помасовно присуство на нашите иселеници од С.Р.Германија.

Во добра атмосфера и преполна сала забавата траеше до утринските часови.

Оваа година Црковната општина ,,Св.Троица“од Минхен во чија парохија се одржува оваа манифестација ,покрај парохискиот свештеник отец Миле Вељановски ,ја претставуваа и потпретседателот Борис Наумовски и секретарот Саше Баловски.

Фото :Саше Баловски