По повод традиционалната културна манифестација „ Вечер на Чинго“ , Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ.
Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, жири комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „ Вечер на Чинго“
I Услови за учество на конкурсот:
- Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија,
- Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ
- Авторството ќе се докажува со четвртиот примерок.
- Краен рок за доставување на трудовите е 25. 07. 2011 година.
- Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат на 08.08. 2011 година.
- Врачувањето на наградата за најдобар расказ ќе се изврши на 13.08.2011 година на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“.
II Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари