Директно од настапот во Белград, во недела на 31. јули на затворањето на овогодинешното издание на охридскиот „Пиво фест“ доаѓа една од најпопуларните фолк пејачки од соседна Србија Сека Алексиќ.
Ќе свириме во живо, а ќе се претставиме со песни од старите албуми, но и од најновиот. Во Охрид ќе ја промовирам и новата песна „Соба 22“ и на сите Ви ветувам дека ќе направиме журка која ќе се памети, им порача на своите обожаватели во Македонија популарната Сека.
Таа заедно со најдобриот плех оркестар на Балканот Черкези ќе го затвори .
овогодинешното издание на охридскиот „Пиво фест“.
Сека ветува одлична програма и големо шоу кое ќе се памети во Охрид. „Доџи и узми ме“, „Искористи моје мане“, „Аспирин“ се само дел од хитовите кои од оваа 30. годишна пејачка родена во местото Зборник во БиХ направија вистинска фолк ѕвезда. Во моментов Сека е актуелна со нејзината најнова песна „Соба 22“ за која неодамна сними и спот за кој тврди дека е најдробриот досега во нејзината кариера.
Годинешното издание на „Пиво Фест“ ќе започне на 28-ми јули и ќе трае една вечер подолго, односно цели 4 ноќи кои ќе бидат збогатени со врвна програма и нови екслузивни гости, меѓу кои, покрај српската фолк дива Сека Алексиќ, ќе настапат и Рибља Чорба, Тони Зен, Поздрав Азри и многу други. На отворањето со целовечерен концерт ќе настапат фантастичните „Партибрејкерс