Со промоцијата на таблата за селото Велестово, на влезот во паркот кај Билјанини извори, беше одбележан четвртиот ден со активности по повод 50 години Национален парк Галичица. Таблата ја промовираа председателот на Форум за животна средина на Национален парк Галичица, Номче Џајкоски и Зоран Ангелоски директорот на ЈУНП Галичица.
Со промовирање на оваа табла всушност беа промовирани серија на информативни табли за селата во границите на паркот. Пред секое село се поставуваат вакви табли на кои ги има основните податоци за селото пред кое се поставува табла, најзначајните места кои им се препорачуваат на посетителите за посета и основните податоци за паркот.
Денешната активност е уште еден доказ за продлабочување на соработката на оваа установа и населението во паркот.