Активностите на ЈУНП Галичица во рамките на прославата 50 години на постоење на паркот продолжија и денеска. Во хотелот Белви пред голем број национални и локални новинари, како и претставници на месните заедници кои се во границите на паркот, пријатели на паркот и соработници, во првиот дел на овој настан беше промовирана веб страната на паркот, која веќе ја содржи и комплетната агнглиска верзија.
Во вториот дел на настанот на присутните им беа презентирани серија проспекти за природното и клутурното наследство на паркот како проспектот за “Зачајни видови“, “Комплекс Св.Наум“ , “Шумите во паркот“ и проспектот “Остров Голем Град“.
Оваа средба новинарите ја искористија за разговор со стручниот тим за заложбите на вработените за се поголема туристичка промоција на паркот како во државата така и надвор од неа.
Утре на 29.10 среда, на влезот во паркот кај Билјанини извори со промоцијата на информативните табли “ Селата во Национален парк Галичица“ продолжуваат активностите по повод овој значаен јубилеј за НП Галичица.