Ќе се реконструира домот на култура во Велгошти

Општина Охрид распиша оглас за доделување на договор за јавна набавка со цел реконструкција на Домот на култура во Велгошти. Според поценетата вредност предвидени се 10.812, 717,00 денари.Постапката е отворена , при што критериум за доделување на набавката е најниска  цена.

-На Домот на културата во Велгошти ќе биде извршена комплетна реконструкција . Првата фаза ќе отпочне за брзо време а во текот на оваа година ќе бидат извршени реконструктивни зафати и во Домот на културата во Кошишта и реконструкција на Домот на кутурата во Лескоец, истакна секретарот на општината Димитар Спасески на последната седница на советот во минатата година.