Пожар вечерва околу 19 часот избил во местата викани Габреш и Огражден помеѓу селата Велгошти и Рамне, во Националниот парк Галичица.
Информацијата ја потврдија од Професионалната противпожарна единица од Охрид, чии екипи веднаш по дојавата од граѓани се упатиле кон местото каде беснее огнената стихија.
Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, а поради непристапниот терен и слабата видливост, пожарот засега само се набљудува, па во раните утрински часови екипите за гаснење ќе се упатат на местото зафатено од пожарот
Извор: www.mkdnews.com