Во знак на одбележување на творештвото и почит кон ликот на прерано починатиот охридски писател Живко ЧИНГО и со цел да го афирмира расказот како книжевна форма во современото македонско литературно творештво, Општина Охрид и годинава распишува награден конкурс. .
По повод традиционалната културна манифестација “ВЕЧЕР НА ЧИНГО”, а во знак на почит кон творештвото на познатиот македонски писател Живко Чинго и со цел да се афирмира литературното творештво, и годинава Општина Охрид распишува
КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ
I Услови за учество на конкурсот:
1.Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија,
2.Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци на адреса:ОПШТИНА ОХРИД, ул.”ДИМИТАР ВЛАХОВ”бр.57 со назнака:ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ,
3.Авторството ке се докажува со четвртиот примерок,
4.Краен рок за доставување на трудовите е 30.07 2009година,
5.Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат на 08.08 2009година,
6.Врачувањето на наградата за најдобар расказ ќе се изврши на 13.08 2009година на традиционалната манифестација “Вечер на Живко Чинго”.
II Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 000 денари
ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалник,
Александар Петрески