Денес околу 15 часот во   Велгошти пронајдено е машко безживотно тело.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

Неофицијално дознаваме дека се работи за самоубиство, кое е извршено со скокање од карпа во атарот на селото Велгошти.

Станува збор за лицето Андон Крлески  роден 1950 год од Велгошти  Кој во СВР бил пријавен како исчезнат од ноќеска. 

Ноќеска околу 1 часот било пријавено исчезнување на лицето, чие безживотно тело било пронајдено денеска попладне.

На лице место увид извршија полициски екипи, патолог, истражен судија и јавен обвинител, кои констатирале дека нема траги на насилство, информира СВР Охрид