Градежните работи кои се одвиваат во Велгошти никако да завршат! Од една страна се поставуваат цевки за атмосферска канализација од друга страна се нивелираат шахтите(потег кој е за поздравување), но  никако да се доизгради и да се заврши канализационата мрежа.

Најлоша е состојбата со улицата која води до Црквата С.В. Димитрија.

Иако повеке од три месеци се поставува канализација работите никако да дојдат до својот крај. Велгоштани не можат да си дојдат до своите домови бидеки мора да одат низ каливата уличка.

Во 21 век во време на современа градежна механизација мораме да газиме вода и кал реагираат Велгоштани и додаваат дека никој не е против градежните работи кои се изведуваат но мора истите да бидат со поголемо темпо на изгадба.

 

фото: Никола Коталески

velgosti.com