sola2Познатата хрватска музичка ѕвезда Антонија Шола и македонската музичка група Ар-Ен-Си Бенд, ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на Нова Година на градскиот плоштад. Со ова завршија натегањата дали и кој ќе настапи за дочекот на најлудата ноќ во Охрид.

Со заложба на градоначалникот Александар Петрески, охриѓани и гостите ќе уживаат во атрактивната Антонија Шола и популарните Ар- Ен-Си Бенд. Како предгрупа на реномираните гости, ќе настапат младите музичари од охридската група Ноу Фан.

извор: ohridlive.com