Економските експерти, учесници на економскиот форум од Југоисточна Европа, констатираа дека денешната светска економска криза е најдлабоката досега, а крајот не и се гледа.
Кризата се чувствува во градежништвото и автомобилската индустрија, а се загрозени металскиот сектор, па дури и туризмот. Таа ќе доведе до намалување на инвестициите и обемот на странските кредити, ќе опаѓа извозот. И покрај ваквите констатации македонскиот министер за економија Фатмир Бесими е оптимист во очекување на странски инсвестиции во земјава.
„Кога зборуваме за инвестициите јасно е дека дел од нив ќе се пролонгираат , заради проблемите во други земји и нема да се реализраат инвестициските палнови, но ние треба да веруваме дека тие движења кај нас сеуште не се рефлектираи како во светот.Целиот сет на мерки и движења кои ги преземаме ќе дадат ефекти“ истакна Бесими.
Министерот за економија ги истакна економските движења во РМ во 2008 година за кои кажа дека се позитивни. Тоа се темели на неколку податоци, бруто домашниот производ во првата половина од годината бележи раст од 6 посто, а инфлацијата на годишно ниво забележала раст на 7,1 посто, а како резултат на глобалните движања и зголемувањето на цената на енергенсите и цените на прехрамбените производи рече Бесими.
Мирко Пулиќ, заменик претседател на Комисијата за хартии од вредност на БиХ, причините за кризата ги лоцираше во неколку сегементи. Но, според него финансиската криза е предизвикана од алчноста на финансиките институции и банките. Алчноста е е ударната игла која го покрена целиот процес кој доведе до криза, а го овозможија и низа околности.
Кризата според Пулиќ е одраз и на неругилираниот финасиски сектор, недоволниот надзор на финансиската индустрија, професионалната неодговорност на агенциите на кои безусловно им се веруваше за рејтингот на финасиските институции, продолжување на кредитирање на недвижностите како и неодговорноста на ревизорските друштва.
Потребно е економиите од земјите од регионот да ја зголемат соработката. На тој начин ќе го амортизираат поголемиот негативен ефект од финансиската криза истакнаа учесниците на економскиот форум. На три одвоени сесии се зборуваше за влијанието на кредитните кризи врз финансиите, инфраструктурата и енергетиката во регионот.
Целта на форумот е да се олесни процесот на евроитеграциите на земјите од регионот на макроекономски и политички аспект, и да се воспостават деловни контакти за соработка.
На експертите од економијата утре ќе име се приклучат и шефовите на државите од регионот, а домаќин ќе биде македонскиот претседател Бранко Црвенкоски.