Со одлука на Министерот за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, за Началник на Секторот за внатрешни работи Охрид, повторно е именуван господинот Стефан Буџакоски.

 

Одлуката и решението на Министерот за внатрешни работи, за повторно наименување на Стефан Буџакоски  на функцијата Началник на СВР Охрид,  доаѓа по претходно распишан интерен конкурс за раководната функција во  Секторите за внатрешни работи.

Функцијата-Началник на СВР Охрид,  Стефан Буџакоски, ја извршуваше и во изминатиот четири-годишен период.

 

Супер радио