Спортската сала, “Тодор Александров“ сместена во дворот на ОУ “Живко Чинго“ во Велгошти е во целосна употреба. Децата од училиштето часовите по фискултурно образование ги реализираат во неа, наскоро салата ќе биде издавана и за комерцијални потреби.

 

Спортската сала во Велгошти, официјално беше пуштена во употреба во март годинава од страна на Премиерот Никола Груевски. Овој објект години наназад чмаеше полу изграден со нерасчистени имотно- правни односи, оштетени ѕидови и искршени стакла.

Реконструкцијата на салата започна на 21 септември 2012 година. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект изнесуваше 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија, во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали.

Фото од официјалното пуштање на спортската сала

Пред рекуструкцијата оштетени ѕидови и искршени стакла