Во хотел Метропол започна Регионалната конференција за Интегрирана заштита на Прекуграничниот регион Преспа како и Востановување Трилатерален UNESCO Биосферен Резерват на Преспанските Езера.
Конференција ја отвори Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, а учесниците ги поздрави г-динот Јурген Велшов од KfW банката, канцеларија Скопје и претставникот на UNDP г-ца Ан Марија Али и директорот на Национален Парк Галичица, господинот Зоран Ангелоски.
Целите на оваа конференција се:
· Претставување на резултатите постигнати во текот на KfW Проектот Поддршка на Националниот Парк Галичица и UNDP Проектот за Интегрирано Управување со Екосистемите во Басенот на Преспанските Езера
· Средба помеѓу претставници на владите и меѓународните стручњаци за сочувување, заради споделување и размена во врска со лекциите научени од повеќекратните проекти за сочувување на Преспанското Езеро
· Истражување на потенцијалните придобивки и предусловите за номинирање на Преспанскиот регион како прекуграничен биосферен резерват на UNESCO
· Обезбедување технички инпут (влезни категории) за идниот PPMC во врска со инструментите за интензивна координација на активностите во Преспанскиот регион
· Усогласување околу подготвителните чекори за понатамошна заштита на прекуграничниот Преспански регион