Раководителите на општинските сектори и одделенија со контра – прес средба денеска одговорија на прашањата поставени на вчерашниот прес на охридскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Секретарот на општина Охрид Димитрија Вревезовски своето обраќање го започна со податокот дека општина Охрид од 84 општини е рангирана на 4 место по транспарентонста. Тој додаде дека отсустото на градоначалникот на вработените им дава поголем елан за работа, за граѓаните да не го почувствуваат отсуствоти на првиот човек на Охрид. Вревезовски ги негираше обвинувањата дека откако градоначалникот е на боледување не работи советот но и дека не се подготвени сите програми за новава 2011 год. Потенцираше дека советот на град Охрид уште во месец декември го донесе буџетот за Новата 2011 год, но и 26 те програми за работата на локалната. „Комуникациите со градоначалникот се секојдневни“, рече тој.
„Изненадени сме кој ни поставува прашања, Сметаме дека вчера тој што поставуваше прашања, нема морален кредибилитет. Би го посоветувал тој вчера што не обвинуваше, најпрво да ги подмири обврските кон локалната”. „Граѓаните гледаат колку работи локланата”, рече Шикалески и уште еднаш ги потенцираше сите поголеми зафати на локланата во градот но и во проградските населби, при што беа асфалтирани патишта, осветлување , и поставена канализациона мрежа. Советникот за комунален развој заврши дека локалната самоуправа ќе продолжи со истото темпо како и досега.
Раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов истакна дека во овој сектор се тече нормално и дека нема никаков застој. Посебен акцент стави на Здравстевниот дом, поточно иницијативата за неговата изградба. „На 29 12,2009 год. советот ја усвои локланата планска документација. На 17 мај 2010 год. планот на Здравствениот дом кога конечно пристигна во локланат моравме да го го вратиме, затоа што имаше недостатоци, поточно ги известивме дека докумнтацијата има проблем со имотно правните односи. Тоа до ден денес не е решено. Се додека е тоа така не може да се издаде локација за изградба. Ако денес донесат решение за имотно правните односи веднаш ќе им издадеме одобрение и документација за градба, истакна Арнаудов.
Раководителот на одделение за финансии и буџет Ацо Китрозоски кажа дека кога градоначалникот дојде на власт локалната иамше долгови кои неколку кратно го надминуваа буџетот на локланата. Но со работењето изминатиот перид голем дел од долговите беа измирени, а долгот неколку кратно беше намален и покрај тоа што тековните активносто на локланата во ни еден момент не замреа, додаде Китрозоски.
Секојдневната координација со крадоначалникот и покрај неговото моментално отсуство ја потврди и раководителот на ТЛЕР, Гоце Симоновски.Тој напомена дека во монетов ова одделение има доставено две апликации за поголеми проекти за кои се надвеет дека ќе бидат прифатени. Симоноски рече дека локалната во овој период е присутна на сите саеми за туризам, сметајќи дека тоа добро ќе се одрази на престојната сезона. „Добро ги знаете надлежностите на локалната самоуправа и на центарлната власт. Не’ прозиваат дека немаме капитални проекти во културата, образованието, спортот…
Потенцирам дека во моментов општината нема ниту една надлежност бидејќи е во прва фаза од децентрализацијата. Како да инвестираме и да ги трошиме парите од граѓаните за капитални проекти, кога законски не може да го правиме тоа се додека сме во прва фаза од децентрализација“, нагласи Митре Велјаниски раководител на сектор за јавни дејности.
Директорот на ЈП “Охридски Комуналец”, Сашo Алче настапи со конкретни податоци.. За фирмата со која тој раководи потенцираше дека работи најдобро и дека Охрид никогаш не бил почист за што пофалби стигнуваат од сите страни. „Одговорно тврдам дека она што го истакна Михаилов се небулози. Законите со кои ги задолжуваме граѓаните да плаќаат давачки ги донесе ВМРО ДПМНЕ. Не држат обвинувањата дека ние наплатуваме за нешто што не траба, но и тоа дека Михаилов и советниците од ВМРО ДПМНЕ се залагаат граѓаните да не плаќаат давачки“, додаде првиот човек на ова ЈП Алче.
извор: ohridlive.com