Жири комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за расказ за 2012 година, во состав Иван Џепароски (претседател), Славе Ѓорго Димоски и Венко Андоновски (членови) на својот последен состанок што се одржа , денеска , на 08.08.2012 година , донесе одлука наградата да му се додели на расказот „Богу верен, в брани силен“ под шифра „Огниште и пак огниште“. Жирито на неколку состаноци детално ги разгледа 55-те пристигнати раскази
.По темелните дискусии во потесен избор влегоа 7 раскази што комисијата го оценува како евидентен раст на квалитетот на пристигнатите прилози. Седумте раскази од потесниот избор, го изразуваат мноштвото на естетски тенденции во македонскиот расказ денес,а особено радува што расказите покажуваат високо рамниште на уметничка заокруженост.
Во најтесен избор влегоа три раскази и тоа: „Шмркачи“, „Ихтис“ и наградениот „Богу верен,в брани силен“.
Наградениот расказ се издвојува од останатите според својата уметничка поставка, според својот јазик, како и интенцијата на поинаков начин да го протолкува историскиот лик на Григор Прличев.