Со поместување на стрелките на часовниците за еден час напред, од утрово во 02:00 часот почна летното сметање на времето.
Традиционално, летното сметање на времето почнува во последниот викенд од март, со поместување на стрелките на часовникот од 02:00 на 03:00 часот во ноќта меѓу сабота и недела.
Цел на промената на времето главно е заштеда на електричната енергија.
Летното сметање на времето по прв пат на овие простори се воведе во 1983 година.
.:Macedonia News:. – 29.03.2009.