На 19.10.2008 во хотелот „Аквапура" во рибарското село – Отешево се одржа првиот состанок на прекуграничниот Форум за животна средина на ЈУ Национален парк Галичица и Националниот парк Преспа, Р. Албанија, организиран од страна на КРИК – Регионалниот центар за интервенција и соработка од Р.Италија. На состанокот покрај претставниците на локалните заедници од населените места во границите на парковите, присуствуваа и претставници од невладини организации од Р. Албанија.

 

Целта на средбата беше подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу националните паркови Галичица, Преспа и локалните заедици, како и прекуграничната соработка помеѓу двата паркови по прашања од заштитата на природата и одржливиот развој. Планирано е вакви средби на прекуграничниот Форум за животна средина да се одржуваат неколку пати годишно, со континурана работа на поединечните форуми за животна средина на двата паркови

 

извор : национален парк Галичица