Вчеравечер, во 19 часот и 40 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на влезот за хотел ,,Парк“ се случи тешка сообраќајна незгода во која животот го загуби 24- годишниот Роберт М. од Охрид. Полесно повредени се лицата И.Н. од Кичево, роден 1990 година и И.М. од Битола, роден 1990 година.
Незгодата се случила во моментот кога, сега починатиот Роберт, управувајќи патничко моторно возило марка ,,Рено-Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, движејќи се кон Охрид, на критичното место изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот на десната страна по што со левата бочна страна од возилото удрил во електричен столб каде дошло до заглавување на возилото.
Извор – СВР – Охрид