Директорот на Хидробиолошкиот завод во Охрид д-р Гоце Костоски вели дека во последниве години во однос на заштита на Охридското Езеро и крајбрежни води е направено многу, но тој укажува и на проблемот со Охридското блато.       -Уништувањето на појасот на трската,особено во струшкиот регион (како природен филтер на крајбрежните води) во блатото и делот кај Мазија,не преставува само уништување на трската како растителен вид кој не живее изолирано во Езерото,туку тоа преставува  уништување на една биоценоза во која во одредени периоди од годината живеат некои видови,а некои цел живот.

Статусот што Охридско Езеро како споменик на природата го има добиено со номинација во  Регистарот  на Светското природно наследство,не’ обврзува на спроведување на обврските зацртани со Досието за номинација во УНЕСКО  и тоа :

Заштитата на пориродното и културното наследство да претставува основно мото во просторно-планската и  урбанистичка документација,потоа Заштита и зачувување на природните пејзажи и естетски вредности на брегот,Заштита на флората и фауната на езерскиот еко-систем,Заштита на водите од механичко,хемиско и биолошко загадување,Дистанцирање на  копнениот сообраќај од литоралната зона ан езерото.

Понатака,постепена елиминиација и редукција на пловните објекти чија погонска снага се нафтените деривати.изградбата да биде само дополна на  природните вредности на просторот без тенденција на намаленото експонирање на  архитектурата,вели д-р Костоски.

Костоски во својот апел нагласува:

Ова сите нас не обврзува брзо и ефикасно да делуваме на ваквите појави кои  го деградираат блатото,водотеците,изворите и крајбрежните води на Езерото.Блатот во овој регион е карактеростична одлика за Езерото не само геолошки,геоморфолошки,хидролошки,хидробиолошки,,лимнолошки,орнитолошки,туку има и други вредности-културни,естетски,образовно-воспитни,рекреативни,туристички.

OhridLive