Густа магла ноќва го обви Охрид. Видливоста во градот е помала од 100 метри, што го отежнува одвивањето на сообраќајот. Маглата големи проблеми им задава и на хроничните болни.
Според Управата за хидрометеоролошки работи и денеска претпладне по котлините ќе се задржи магливо време. Кон крајот на денот и во среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег.
OhridNews