Најмладите екологисти

Еколошкото друштво “Јагода“, во соработка со Национален парк “Галичица“ – Охрид, а по повод  52  годишнина од постоењето и делувањето на Паркот, традиционално, објавија конкурс во основните училишта, за литературни и ликовни творби, на тема “Ја сакам Галичица“. 

По тој повод на денеска во 13 часот ќе беа доделени награди на  најуспешните творби по објавениот конкурс и тоа:

  1. Литературни творби:

-Прва награда: Магдалена Симоноска ОУ“Св.Климент Охридски“

-Втора Награда: Марија Симоноска ОУ“Св.Климент Охридски“

  1. Ликовни творби:

-Прва награда: Марија Симоноска ОУ“Св.Климент Охридски“

-Втора награда: Оливера Буџакоска ОУ“Св.Климент Охридски“

-Трета награда: Ивана Симоноска ОУ“Св.Наум Охридски“ – Пештани

Свечаноста беше оддржана во во ОУ “Св. Климент Охридски“, Охрид, бидејќи, не само што нивните ученици беа најуспешни на овој конкурс, туку и затоа што истото училиште е вклучено во тековни еколошки проекти.