Три години во неповрат. Три години те нема. Три години без тебе. Без твојата песна, без твојата добрина, без твојата хуманост, без твојата насмевка, разбирање за секого, ангелски глас….без твоето ….ВЕ САКАМ СИТЕ. Кога те снема се мислевме како сега без тебе? Како ќе се прават концерти без тебе, како ќе има хуманост без тебе…како ќе се слуша песна твоја, а ти да не си на стадион. Но…ете…трета година сме без тебе и без се што е твое.

А не дека свативме дека мора да бидеме без тебе па се навикнавме на тоа. Не. Ние уште немаме сватено дека те нема тебе, твојот глас, твоите концерти, твоето ВЕ САКАМ сите. Уште се надеваме дека од некаде ќе го кажиш тоа, дека ќе те видиме кај Весна во емисија, на концерт….секаде. Но те нема. И не само што немаме сватено дека ни замина. Јас мислам дека не ни сакаме тоа да го сватиме. Не сакаме да го прифатиме тоа. Не сакаме да ја прифатиме вистината.  Не сакаме да ти "дадеме" мир онаму каде го заслужува секој ангел да го има.

Многу тешко ги слушаме твојте песни. Некогаш го мразам ЦД-то, радиото, го мразам се она од каде допира твојот глас, зошто знам дека од пред три години па цел живот, а и понатаму до нас ќе допира само глас. Ќе се занесам во некоја твоја песна и ќе се фатам самиот себеси како се лажам дека од како ќе згаснам ќе прочитам некоја твоја изјава. Гасам и се лажам себеси дека наместо радиото згасна ти, згасна твојот живот.

Она што ми прави да ми е така тешко е токму тоа што од како згасна твојот живот ние сите дури тогаш го сватиме твојот начин на живеење, тогаш свативме што сакаше, што не сакаше, што те мачи , што те радува, тогаш ги свативме твоите пораки. Сега свативме и дека твојот живот е уморна приказна, скинати страници….празни…не испишани…. А зошто пред тоа не?? Тоа ме мачи!!

Не само што не свативме, ами и не бевме сите коректни према тебе. И сега и тогаш. Но знам дека ни прости за тоа …..и тогаш и сега. А само ти си знаеш кој во твоето минато плови сосем мирно без да се срами. Знаеме дека ни простуваш сега заради тоа што уште не ти даваме мир, те бараме, ни фалиш…но исто знаеме дека ти не се плаши од нас, кои сме во потрага по твојот глас и затоа ни простуваш. Но исто така знаме дека им прости на тие што би го продале Бога, а и ние и ти знаме дека еден ден нив само еден ќе им суди.

Беше голем. Сега си уште поголем. Не си онаму каде сакаме ние, но веруваме дека си онаму каде сакаше ти. Таму кај што си сега немора да го молиш Бога ангели да прати да ја чува од зло. Ќе го направиш тоа сам. Или заедно со Бога. Зато што тебе Бог секогаш ти ги услишувал твоите молби према него, дури и онаа која ние не ја сакавме, затоа што не ни замислувавме дека може да се случи толку млад полско цвеќе да те покрие, облаци душа да ти љубат, а најмалку сакавме очи да ти згаснат …да ние не сакавме.

Не сакавме тоа. Сакавме овде и сега да си ти, со тебе да славиме родендени. Збунати сме дали ова што сега го имаш е она што требало да биде или треба да е  она што ние го посакуваме. А најмалку посакувавме така наеднаш да ни заминиш…И на крај ….замина…но како и секогаш не не остави така. Замина но ни се јави…..и збогум ни кажа…..и  последна песна ни испеа за крај, ни испеа нешто што долго ќе ни остане и ….да…не некој начин ни кажа и зошто замина.

Тошка наш….за нас ти секогаш беше и ќе останиш икона….со тебе можевме се, можевме  ветрови на небото да запреме …да ни кажа се но пак  не свативме зошто мораше да е така . Само Бог тоа го знае. А ние…а ние како обични смртници со сигурност едно знаеме. Знаеме дека:

ГОСПОД АНГЕЛ ни даде
ГОСПОД АНГЕЛ ни го зеде
и затоа ГОСПОДЕ ти се молиме да ни го чуваш.    

А ние…ние уште ќе сонуваме дека сме заедно…………………….

ЏИМИ
jimmy@t-home.mk