Охрид е меѓу првите , ако не и единствената општина, засега, во која одредбите на  Законот за јавна чистота се применува и во делот на ангажирањето, од страна на општините, на посебно задолжени лица – комунални редари.
Официјално, со вчерашниот ден своите работни обврски почнаа да ги извршуваат планираните 5 комунални редари со што, според бројот на извршители, Охрид е на врвот на општините кои планираат по колку лица да се ангажираат за контрола  во спроведувањето на  спомнатиот Закон во дело.

Комуналните редари ќе добијата посебни униформи (пропишани од  надлежното министерство), капи, маици и легитимации.

 

Петте комунални редари во Охрид ке водат грижа за одржување на комуналниот ред во централното градско подрачје – двајца, за стариот дел на градот – еден, како и по еден за ривиерата кон Пештани и периферијата на градот. Тие посебно ке водат грижа за да не се нарушува јавната чистота на јавните површини, но и да не се вршат од страна на граганите прекршоци на Законот од типот на вршење на разни дејности на јавни површини како што се тротоарите, дворните места пред зградите, паркинзите, улиците….

 

 

Казните кои ке ги изрекуваат комуналните редари за прекршителите се високи, а оние што не ги плаќаат за казна ке вршат јавно корисна работа одреден број денови во комуналните претпријатија.