Легендарната песна за Билјана го означи почетокот на годинешново охридско лето токму на просторот каде што таа го белеше своето платно.
Манифесатцијата “Лето 2009” собра голем број туристички работници од хотели,,ресторани,агенции,,занаетчии,граѓани од градот и од земјава.
Туристичката сезона е веќе е почната, а со оваа манифестација „Лето 2009“ сакаме пред туристите да ја претставиме понудата на регионот, истакна градоначалникот Александар Петрески.
На манифестацијата присуствуваа министерот за животна средина Неџат Јакупи, евроамбасадорот Ерван Фуере, познати личности од јавниот и политичкиот живот, туристи и голем број граѓани.