Селото (сега веќе населено место) Велгошти во 1903 год . било целосно изгорено од Турскиот аскер.По Илинденското востание е обновено,но поради слабата материјална состојба и потребата од обезбедуване на итен смештај ,куќите се градени со камен,плит и кал,без тавани ,приземни,ретко на кат,без патос.

Дворовите биле заградени со ѕидови од камен или плике. Крупната стока живеела во плевни (штали) изградени во дворот или во приземјето на куќите (кој дел се викал пондила или керал) Во1911 год. имало посилен земјотрес и тогаш селото било оштетено.Бурните настани на Балканските војни и Првата светска војна повторно го фрлила( населено место) селото во големи беди и искусенија.

Денеска ,скоро никој не живее во стара куќа .Ако некоја е сочувана таа служи за помошни простории за потребите на добитокот. Градбата на куќите е современа ,а по земјотресот во Скопје и асеизмичка.

Населбата е од збиен тип. Денес Велгошти е современа населба со асвалтирани улици,современо основно училисте,со дигитална телефонска централа , кабелска телевизија  и кабелски интернет  и изградена  канализациона мрежа.

 

Од центарот на Охрид до центарот на Велгошти има 2,5 км. Всушност денеска Велгошти е споено со Охрид преку улицата “Илинденска” Како граница со Охрид е мостот на реката суводолица Сушица.

Со патот Охрид-Ресен-Битола т.е. со улицата 15-ти Корпус Велгошти исто така се поврзува со градот преку “Вис” или “На Вис” .


Велгошти 1957 сликано од Климе Шикоски

 

Историски настани извадени од книгата ВЕЛГОШТИ (Прилог за монографија) од Др. Стојан Ристески издадена во 1982 година

ВО ВЕЛГОШТИ Е ФОРМНИРАНА ПРВАТА ВОСТАНИЧКА ЧЕТА ВО ОХРИДСКО ВО 1901
Во Охрид ТМРО е формаирана во 1894 година . (Првиот Охридски револуционерен комитет го основал Дамјан Груев во летото 1894 година. Првите членови биле : Лев Огненов, д-р. Геори Николов, Никола С. Филипчев и Александар Чакар од Струга.) Организацијата брзо се ширела во градот и селата. Најголем успех на Охридската револусиoнерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка , во Велгошти на 6 јули 1901 година . Тој факт сам по себе многу зборува . Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку и поради приврзасноста на Велгоштани кон делото на Организацијата.
Во манастирот Света Петка дошле петмина востаници : Дејан Мицкоски (Димитрив), Милош Богданов, Миланин Голев (Дејан ,Милош и Миладин биле на печалба во Бугарија. Од таму дошле со цел да се придружат во револуционерната чета. Дејан цо другите двахца 17 дена се криеле во родното село Лактиње, а потоа оришле во манастирот Сите Свети во с. Лешани.Таму останале еден месец. За нив се гризел игуменот поп Васил Попангелов. Тројцата се сретнале со Христо Узунов и откако тој се уверил во патриотските намети ги воорузил и презел акција за свечено формирање на првата Охридска чета.) Славчо Смилевчето и Тале Горанов. Петмината имале се што било потребно за секој востаник и биле облечени во нова востаничка облека. На формирањето на четата присуствувале Христо Узунов, Андреј Христов, Наум Цветинов ,Наум Златарев, Никола Костајчинов (Анастасов), мајка на Христо Узунов сопругата на Андреј Христов, како и други членови на Организацијата.
Андреј Христов и Наум Цветинов во таа прилика одржале кратки говори, во кои го истакнале макотрпното но славно минато на Македонскиот народ од Климент, Наум ,Самоил до тој свечен чин. Ја истакнале задачата на ТМРО во Борбата против турското ропство и рекле : „Во цела Македонија и Охридско има веќе силна подготвка за слободата. За таа целете и тука во нашава околија се создава ,драги Јунаци , во вашето лице, првата Охридска чета. Ако вие навистина сте решиле да му служите на тој идеал , ви предлагаме овде да земете заклетва“.
Игуменот Анастас Демјанов , облечен во празнично , во најскапа цвештеничка облека , ги изговорил зборовите на заклетвата : „Во името на Таткото и Синот и Светиот дух,и воимето На Свети Климент и Света Петка се заколнуваме дека ќе им служиме верно и чесно на припадниците на ВМРО, на Охридското револуционерно началство. Ако отстапиме од тие принципи ,да бидиме казнети со смрт“. Така свечено игуманот ја благословил „воскреснатата Самоилова војска во лицето на петмината востаници“.
Откако била положена заклетва, за привремен војвода бил определен Тале Горанов, за секретар Славчо Смилевчето,а другите тројца востаници. На војводата му бил даделен Правилникот на Организацијата, како и други упатства за организационо-револуционерна дејност во реонот (Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка 22. XII 1981 година Месната заедница од с. Велгошти откри спомен-плоча. На плочата стои датум 27. XI 1982. , кога се планирало нејзиното откривање, но не успеале да се изврши свеченоста на тој ден.) Четата, како впрочем и во другите реони, била мала , но сепак претставувала бооружена сила која понатаму ќе ја зајакнува Организацијата во околината и во погодно време ке го крене на востание целото население. Постоењето на ваква вооружена сила поразувачки дејствувало на непријателите и ги храбрело работниците и симпатизерите на Организацијата повеќе од постоењето на легалниот комитет.
Населението се приврзувало кон четата како кон свој закрилник .Таа била вистинската народна власт, авторитетна, справедлива до крајност и моќна да ги наложува своите решенија Оваа нова власт во Охридско ги прширила своите компетенции врз целокупниот живот на населението, така што за се луѓето се се обраќале на четата. Четите во Охридско, Битолско, Ресенско и во некои други места повеле борба и против застарените и назадни народни обичаи : против скапите накити на селските носии, против златните украси, цвилото и белилото, против да се раздава на задушници јадења, да се колат овни и да се даваат големи гозби за умрени. Охридската организација успеала да создаде навика кај населението да ги слави селските празници без поранешниот луксуз. „Тоа го отфрливме вели Дејан, го спречивме, остана де се служи в црква и дома пријателите да се почестат со кафе и ракија без гозби. Тие работи се проповедаа уште во почетокот на организирањето“.

Ламбе И. Мургоски Востаник
ВО ПЛАМЕН НА ИЛИНДЕН

Во подкотовките на претстојното вистание Велгошкиот комитет казнал некои свои соселани (Стеван Буџакоски, Ристо Милошев, Милошица Милошеска,Кита Балоска, Лазор Речкоски и др.) , но на повикот за востание Велгоштани до еден застанале под Македонското црвено знаме, на кое пишувало : „Смрт или слобода“ . Тие учествувале во востанието според планот на Горското началство (Планот за Илинденското востание во Охридско го израборил Христо Узунов). Со пушка врака тргнале околу 200 Велгоштани. Само четата на Андон Шибакоски броела стотина лиѓе, меѓу кои имало и од други цела.
Согласно со планот за востанието во Охридско, четата од Велгошти заедно со четите од : Плаќе Свиништа, Речица Завој ,Опеница, Косел, Скребатнои Лескоец требало да учествува во кинењето на телеграфската линија меѓу Охрид и Ресен, да ги срушат мостовите на тој дел од патот и да ја опколат кулата кај с. Свиништа (Свињишта). Од селскиот комитет на ТМОРО и од селскиот војвода на с.Велгошти, како и од другите селки војводи се барало да бидат во резерва и да учествуваат на боиштата каде ке се јави потреба .За релизирањето на задачата од т. VII од планот за востанието во Охридско бил одговорен Аргир Маринчеи П. Чанов. Добиената задача успешно се извршила, со исклучок што не била опколена кулата во Свиништа.
Првата востаничка кушка на Илинден 1903 година пукала на Сирулски Рид,а потоа се одвивало по планот
Слободата Велгошти ја почуствувало сосема кусо време .Веќе на 8. VIII 1903 година целото село било изгорено од туркиот аскер и башибозукот (Меѓу современиците има искажување дека Велгошти било изгорено спроти празникот Света Петка ,т.е. на 7. VIII 1903.) Само трите куќи на турскиот полјак Мустафа Беќир и три воденици од кои само една била туркска биле поштедени. Аскерот не знаел точно која е турска воденица и плашеќи се да не ја изгорат и неја (трите биле една до друга), не ги зигорела и другите две. (усмени изјави од повеќе Велгоштани)
Населението од изгореното Велгошти привремено се заслнило во месноста „Асаншура“ на планината Галичица, каде биле дојдени и Коштанци и Елшанци. За заштита од вијводата Никла Митрев испратил 40 востаници. Тие наишле на турската заседа. Почнала борба, што траела пет часа. Тука ги положиле живототе четворицата Велгоштани : Серафим, Ангеле Дмјанов, Тодор и уште еден. Другите востаници побрзале на помош и турскиот аскер се повлекол кон с. Скребатно. По овој судир , востаниците што биле под раководство на Никола Митрев (Митрески) се префрлиле во Опеничка и Куратичка околија,меѓу кои имало доста Велгоштани.(Спомени на Никола Митрев ста.111-112 од книгата за Велгошти).
Населението на Велгошти долго останало да се крие во пазувите на Галичица. Така весникот „Београдске Новине“ на 15.IX 1903 година цоопштува : „Селаните од селото Велгошти над Охрид уште не се вратени од планина.Пченките се упропастени“.
За тоа што се случило во Велгошти на 8. VIII 1903 година може да се согледа од почетокот на извештајот на Австрискиот конзул во битола Аугуст Крал што му го испратилна грофот Агенор фон Голѕховски, министер за надворешни работи на Австро-Унгарија, на 6.IX 1903 година. Тој е дело од следната содржина:
„Во Охрид мухамедините (како што е познато Шиптари), веднаш после започнувањето на востанието пристапувале кон самовласно организирање на вооружен отпор и кон насилни репресалии. Повеќе стотоци башибозуци, насобрани во Охрид и Дебар, крстосувале низ околинатапод командата на домашни водичи ,палеќи ги бугарските села едно по друго плјачкосувале уништувачки. Почетокот настанал на 8 Август во богатото Велгошти, од кое останало само црквата. Десет лица изгореле ,50 биле убиени, дете обесено.Официјално се тврди, дека во Велгошти се водело борба против силната востаничка чета и дека селото било фрлено во воздух со динамит, што не одговара на вистината “(Извештаи од 1903-1904 година на Австриските преставници во Македонија,превод,ред.икоментар Данчо Зографски, ИНИ, Скопје, 1955 стр. 122-123)
Веруваќи дека дошол „последниот час за пресметка мешу крстот и полумесечината“(Историја на Македонскиот народ книга II, Скопје 1969, стр.359), доста Македонци дури од далечните земји во кои биле на печалба се вратиле да учествуваат во ослободувањето на својата татковина за време на Балканската војна.Меѓу таквите среќаваме и Велгоштани ,каков што бил Илинденскиот војвода Андон Шибакоски,кој во 1913 година формирал чета од 40 души да се бори против српската власт (Т.Арсов Антон Велјахов Шибаков, итн. Книга 2 Илинден стр 12).
Илинденскиот период (1893-1903) и по него до првата светска војна е исполнет со светли настани во Охридско . Во целиот тој период Велгошти и Велгоштаните имале посебно место.Покрај целото село (куќите, плевните и сите други придружни објекти),пламенот на Илинден согоре најмногу животи на Велгоштани. Наум Томалевски набројува 68 жртви (Сборник Илинден г. VI 1903-1927, Сифија 1927) ,Бранислав Русиќ наведива 94 загинати во Илинденското востание и 13 во Балканските војни (АМАНУ, Фонд : Бранислав Русиќ.) но точно никогаш не ке се сознае вистинската бројка, бидеќи забот на времето го сторил своето, а сигурни регистри на загинати досега не се направени.Сигурно е едно, кога се гледа од цитираните извори и литературата, на слободата Велгошти од 1893до 1918 година и подарило околу 120 животи. Ги сееле коските Велгоштани во родното село, во месностите : „летница“, „Рапница“, „Рамниште“ , „Асанѓура“ , „Видобишта“ , па во Коњско , Елшани, Куратичко,Бигла ,Рашанец (Меѓу повеќето загинати во Рашанец е и војводата Иван Шапкароски) и на другите места исклучиво за слободата на својата напатена Македонија.

УЧЕСТВОТО ВО АНТИ ФАШИСТИЧКАТА БОРБА И ЖРТВИТЕ ВО НЕА

Местото и улогата на Велгошти во периодот од 1941-1945 година е тесно сврзана со дејноста на Охридската партиска организација и со другите настани од пошироко значење.Уште од првиот момент Месниот комитет на ЦКМ на Охрид имало доверба во Велгоштани. Во прологот на тоа зборуваат настаните кај манастирот Свети Илија. И панагурот на празникот Света Петка МК на охрид го користел за воспоставување контакти и со поширокото подрачје.Така , на тој празник во 1941 година секретарот на МК на Охрид се сретнал со Трајче Дојчиноски и уште со еден друг Белчиштанец.Двајцата биле дојдени за воспоставување врска со МК , а за тоа ја искористиле можноста како свирачи на панашурот. Белчиштаните добиле конкретни упатства за понатамошно делување на дебрчките антифашисти.
Бугарскиот окупарот бурно го следел секое движење во Велгошти ,за која цел концентрирал голем број од свои воени сили во него. Велгоштани уште од првите моменти на окупацијата ги презреле „ослободителите“ , неканетите гости. Често населението доаѓало во сукоб со преставниците на бугарската власт, бранеќи ги своите иноти и национални права.
Уште од 1942 година во Велгошти е присутна форма на народна власт , а во 1943 година веќе е избран и илегален народноослободителен одбор. Во погоден момент Велгошти на народната борба и ги даде своите најверни синови, цветот на неговиот живот
Во Антифашистичката борба од 1941 до 1945 година животот го дале цледниве петмина Велгоштани :

Арнаудоски Ѓорѓиев Секуле е роден на 16 IV. 1924 година . Во НОБ стапил во сепнември 1944 година . Загинал на 21 IV 1945 година на Сремскиот фронт , како борес на првата македонска ударна бригада III баталјон 2 чета
Буџакоски Илиев Трајан роден е на 10. X. 1922 година. Во Ноб стапил на 16 VIII 1944 година.Како борец на првата Македонска ударна бригада при пробивот на Сремскиот фронт бил заробен и во Бихаќ бил стрелан на 16 IV 1945 година.
Вретоски Лазаров Бранко е роден на 4 II 1925 година. Во НОБ стапил на 16 VIII 1944 година . Загинал на Сремскиот фронт кај Товарник на 12. IV. 1945 година како припадник на Првата Македонска бригада III баталјон II чета.
Вретоски Костов Драган е роден на 24. I. 1923 Во НОБ стапил на 16.VII. 1944 година. Загинал на Сремскиот фронт кај Врполје на 15.IV. 1945 година како припадник нa Првата Македонска бригада.

Арнаудоски Ѓорѓиев Секуле е роден на 16 IV. 1924 година . Во НОБ стапилво сепнември 1944 година . Загинал на 21 IV 1945 година на Сремскиот фронт , како борес на првата македонска ударна бригада III баталјон 2 чета.

Буџакоски Илиев Трајан роден е на 10. X. 1922 година. Во Ноб стапил на 16 VIII 1944 година.Како борец на првата Македонска ударна бригада при пробивот на Сремскиот фронт бил заробен и во Бихаќ бил стрелан на 16 IV 1945 година.

Вретоски Лазаров Бранко е роден на 4 II 1925 година. Во НОБ стапил на 16 VIII 1944 година . Загинал на Сремскиот фронт кај Товарник на 12. IV. 1945 година како припадник на Првата Македонска бригада III баталјон II чета. Вретоски Костов Драган е роден на 24. I. 1923 Во НОБ стапил на 16.VII. 1944 година. Загинал на Сремскиот фронт кај Врполје на 15.IV. 1945 година како припадник нa Првата Македонска бригада. Драган Вретоски (лево) и Бранко Вретоски (десно).

Бунташоски Радев Секула роден на 20. III. 1909 година . Тој спаѓа меѓу првите жртви на германскиот фашизам. По занимање бил столар. Наоѓајќи се на воена вежба, при одбраната на Ужице од Германците загинал на 15.IV. 1941.

Горе