cingoПо повод традиционалната културна манифестација „  Вечер на Чинго“ , Општина Охрид го распиша  годинешниот конкурс за најдобар расказ.

Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 25 јули, жири комисијата одлуката ќе ја соопшти на 8 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена  на 13 август на традиционалната манифестација „  Вечер на Чинго“ .

К О Н К У Р С   З А   Н А Ј Д О Б А Р    Р А С К А З

 

 Услови за учество на конкурсот:

Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија,

Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ

Авторството ќе се докажува со четвртиот примерок.

Краен рок за доставување на трудовите е 25. 07. 2012 година.

Жири комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат на 08.08. 2012 година.

Врачувањето на наградата за најдобар расказ ќе се изврши на 13.08.2012 година на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“.

  Наградата за најдобар расказ  изнесува 30.000 денари.