Младински Совет Охрид во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,, СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, го организираше вториот планинарски излет ,,Велгошти 2008“. На планинарскиот излет учествуваа повеќе од 50 учесници. Собирното место беше кај пред канцеларијата на Младински Совет Охрид, по што се пешачеше преку училиштата Григор Прличев, Христо Узунов и Живко Чинго во с. Велгошти до манастирот Св. Илија.
Во рамки на планинарскиот излет беа направени три паузи кои беа искористени за организиранње на едукативни предавања за движење по планина, исхрана на планина како и за користење на опрема и облека за планинарење. Исто така учесниците на излетот имаа прилика да посетат црквите Св, недела, Св. Петка и Св. Никола. За секој учесник на излетот беше обезбеден е ланч пакет од донаторот хотел Милениум Палас.
Извор http://ohridnews.com/v2_index.php?mod=1&id=5522&s=1