Патиштата во Велгошти конечно ќе бидат реконструирани. Ова денес го најавија од Секторот за комунални дејности при Општина Охрид, како заеднички проект со Агенцијата за државни патишта, подржан од Светска банка. За реализицијата на проектот наскоро треба да биде потпишан Протокол за соработка помеѓу Агенцијата за државни патишта  и Градоначалникот, на Општина Охрид, Александар Петрески. Општина Охрид уште од 2008-ма година аплицираше за реконструкција на патните правци кои ке ја осовременат патната инфраструктура и ке го поврзат општинскиот центар со квалетни патишта со Велгошти, Орман, Лакочереј, Велестово, Елшани… За сите нив, според Договорот за кредитот од Светска Банка за Македонија, изработувани се соодветни елаборати и проекти кои се одобрени, па дури и пофалени од Банката како најдобри-рече Емин Селман од Секторот за Комунален развој при Општина Охрид.nema_slike