Градоначалникот на Охрид реагира на неспомнуваењто на неговото име од страна на организаторите на најпрестижната културна манифестација Охридскот Лето“
Како што се реагира на официјалната веб страна на општина охрид (www.ohrid.gov.mk)се работело за ПАРТИСКА ЗАСЛЕПЕНОСТ ЗА – НЕКУЛТУРА ВО ГРАДОТ НА КУЛТУРАТА
цират:
Но, сета таа убавина на свечениот чин на отворање, впечатливо остави и една голема дамка на НЕКУЛТУРА . Не станува збор за некаква „лична“, ниска и недолична постапка „на поединец“ или „неодговорна група посетители“ – како тоа клиширано се етикетира при некои слични испади. Напротив, станува збор за една партиска заслепеност на оние кои ја добиле задачата или им е тоа содржина на работата – да водат сметка за културата, неа да ја промовираат и, низ разни форми на културно однесување, со неа да ги едуцираат оние кои недоволно навлегле во сферите на убавото, коректното и културното.
Како што налага редот, а и традицијата на оваа манифестација, почетокот мина во поздрави од страна на организатрот и Министерставото за култура, од Управниот одбор и дирекцијата на фестивалот…Се спомнаа, во тие поздравувања, и имиња и институции, и гости и спонзори. Но, ни збор за оние кои го претставуваат градот домаќин, за Советот на општината, за Градоначалникот. Кога еднаш конечно ќе сватат оние кои во име на министерства, дирекции и фестивали шетаат по светот, дека во тој свет елементарната култура налага да се поздрави и домаќинот, оној кој го претставува градот и дека таквата нечија култура треба да почнат да ја применуваат и дома?
За гостите, дипломатите, па и „обичните“ гледачи, остана горчливиот вкус на некултурниот однос на организаторот или Министерството за култура кон градот домаќин. Ни буква од поздравно спомнување на Општината, на Градоначалникот или Советот. Како да се отворапа манифестацијата во некој недефиниран простор, на некое подрачје каде нема ни локална власт, ни помош од таа власт, ни толкава нејзина логистичка инволвираност не само за отварањето туку и за секоја програмска содржина од катагодишното одржување на Фестивалот
www.ohrid.gov.mk