Првата фотовалтична централа во охридските улилишта и јавни објекти од вчера се поставува на кровот на О.У. Живко Чинго Велгошти.
Се работи за мали централи кои сончевата енергија ја претвораат во електрична и се со моќност од 15 киловат часови.
Исти такви ќе се постават и во училиштето во Пештани и на кровот на општина Охрид па и овие институции ќе почнат да произведуваат електрична енергија за свои потреби.
Средствата за овој процес со кој треба полека да се преминува кон обновливи видови енергија и енергетска независност се обезбедени од грант на Владата на Македонија по лобирање на в.д. градоначалникот Константин Геориески.
Извор: ohrid1.com