Вчера во 13 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „7 ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода по која, во Општата болница во Охрид, на повредите им подлегнал Т. Ш. (71) од Велгошти, соопштуваат од СВР Охрид.
Тој, управувајќи мопед марка „Томос Спринтер“ без регистарски таблици, на критичното место изгубил контрола и удрил во дрвен електричен столб.
На местото на сообраќајната незгода, увид изврши Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид поради што, сообраќајот на улицата „7 ноември“ беше пренасочен по споредни улици.
По наредба на Јавен обвинител, врз починатиот ќе биде извршена обдукција а врз мопедот- дополнително техничко вештачење.