Во рамките на „Гимназијадата“ во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти се играа натпреварите во ракомет. Во женска конкуренција „Гоце Делчев“ од Куманово победи со 19-18 против „Мирко Милески“ од Кичево.

Во вториот натпревар, „Св.Климент Охридски“ од Охрид изгуби од „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје со 8-21. Во третиор натпревар „Славчо Стојменски“ од Штип и „Мирко Милески“ од Кичево одиграа 16-16.

 

 

Во машка конкуренција „Кочо Рацин“ од Св.Николе изгуби од „Коста Сусинов“ од Радовиш со 18-25. „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи против „Цар Самоил“ од Ресен со 19-15. „Славчо Стојменски“ од Штип победи против „Св.Климент Охридски“ од Охрид со 17-9. „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победи против „Никола Карев“ од Скопје со 20-14. Во натпреварите за петтото место, „Кочо Рацин“ од Св.Николе го победи „Св.Климент Охридски“ од Охрид со 16-7.

WebOhrid