Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти во рамките на „Гимназијада 2014“ се одиграа финалните натпревари во ракомет. Во женска конкуренција, првото место го освои „Методија Митевски – Брицо“ од Скопје победувајќи го „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје со резултат 17-13.
Третото место го освои „Гоце Делчев“ од Куманово победувајќи со 15-14 против „Мирко Милески“ од Кичево. Во машка конкуренција, првото место го освои „Методија Митевски – Брицо“ победувајќи со 27-15 против „Цар Самоил“ од Ресен.
Третото место го освои „Никола Карев“ од Скопје победувајќи го „Коста Сусинов“ од Радовиш со резултат 19-13.
На најдобрите тимови кои учествуваа на овогодинешната „Гимназијада“ им беа доделени дипломи, медали и пехари.
Златко Китрозоски/WebOhrid