Врнежи од снег денес го зафатија Велгошти , снегот паѓаше скоро 12 часа и до сега снежната покривка изнесува околу дваесетина сантиметри.
Според најавата на метеореолозите во текот на ноќта се очекува температурата да се спушти и до – 12 степени. Како што најавуваат од меторелошката станица во Охрид можно е да има рекордно ладно време кое до сега не е запишано во нашата околина.