Охридските плажи за кои истекоа концесиите најпрво ќе се уриваат,а дури потоа ќе се издваат под концесија Ова денес од државниот градежен инспекторат им го соопштија на концесионерите на плажите во Охрид.
Тие во изминативе пет години стопанисуваа со плажите, сега треба да ги вратат во првобитна положба во која ги затекнале , а потоа одново да ги градат.
“Mислам дека уривањето на плажите е уривање на градот Охрид. Не би сакал поинаку да размислувам” кажа Илија Џепароски концесионер на плажа “Корали”.
Охридските концесионери бараат плажите да се издаваат онака како што се изградени. Со модерни објекти, платформи, кабини, тоалети, шанкови и други пропратни реквизити за да не се прави беспотребна штета.
“Плажата моја нека не се урива, не мора јас да ја земам. нека ја земе некој друг на лицитација но, да не се урива”, вели Џапароски.
Договорите за концесија на плажите на Охридското езеро истекоа во септември минатата година. Голем дел од концесионерите веќе поднеле барање за обновување на концесиите но, не добиле никаков одговор од Министерството за транспорт и врски.