Вооружен инцидент и пожар синоќа ги вознемири охриѓани. Вечерта околу 22 часот во центарот на Охрид се случи пукотница и пожар, кој го предизвикала група напаѓачи фрлајќи молотови коктели во објектот. Напаѓачите прво со пушка стрелале кон мотелот а, потоа го запалиле и избегале. На местото на настанот интервенираше полицијата и противпожарната единица.
Неофицијално во нападот имало и повредени лица, вработени во кафе барот, при што се вклучила и брзата помош. Според информациите станува збор за пресметка меѓу група напаѓачи и сопственикот на угостителскиот објект. Охридската полиција го потврди вооружениот инцидент. Според прв
ичните информации нападот го предизвикал лице кое му било добро познато на службата. Полицијата трага по напаѓачите за комплетно расветлување на случајот.