Како што известува порталот Охрид1 во 23:20 Пожарот е локализиран и ставен под котрола и во текот на ноќта се очекува да изгасне во целост.Пожарот што попладнево избувна на планината Петрино на околу два километри од Националниот парк Галичица, е локализиран. Пожарот бил изгаснат вечерва со помош на локалното население од Велгошти и околината.Според информациите кои ги добивме од Националниот парк Галичица, огнот зафатил површина од околу 2,5 километри, главно приземна вегетација и смрека, но не навлегол на територијата на паркот.pozar

 

16: 05  Противпожарната служба од Охрид до овој момент не е вклучена во гаснењето на пожарот, а на терен гаснат екипи од НП Галичица и Македонски Шуми.

16:01 Неточно се информациите дека гори кај селото Завој. Пожарот е на врвоите на Галичица над Велгошти , на местото викано Корабија.

korija

 

15:55 – Не е пожарот во границите на  НП Галичица, надвор од територијата е на 2 км, наши екипи се на терен и гасат. Во надлежност на шумското стопанство е таа територија – кратко изјави за Ohrid1.com  Зоран Ангелоски, директор на НО Галичица

Голем пожар избувнал попладнево на Галичица над Велгошти во местото викано Корија. Густ облак од чад се издига над планината и е видлив од целото градско подрачје на Охрид.

Одговорните се сомневаат дека причина за пожарот кој беше воочлив и од центарот на Охрид, е човечки фактор.