Пред спомен обележјето во  Велгошти, денес во организација на општина Охрид и Месната заедница од Велгошти, за прв пат свечено беше одбележана стогодишнината од Охридското востание. На одбележувањето на овој голем историски настан, кој од идеолошки причини бил заборавен и забрануван, делегации на општина Охрид, политички партии и здруженија на граѓани, на споменикот на загинатите во востанието положија свежо цвеќе.

 

Спомен обележјето е посветено на стреланите Велоштани во 1913 година од страна на Српскиот окупатор.

 

 

За значењето на Охридското востание, зборуваше секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

Денеска со гордост, за прв, ја одбележуваме стогодишнината од Охридското востание и  се потсетуваме  на еден голем  настан од македонската историја, кој за жал од идеолошки причини бил заборавен. Ваквите чествувања се наш долг кон историјата и долг кон оние кои ги дале животите за македонската кауза- рече Спасески.

 

На чело на Охридското востание застанале охридскиот војвода  Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов , брат на Христо Матов, чиј син присуствуваше на денешното чествување. Тоа било организирано во соработка со албанскиот револуционерен комитет, што всушност претставува и соединување на македонците и албанците , против тогашната српска окупаторска власт. Востанието се случува во 1913 година, кога е потпишан Букурешкиот мировен договор и според историчарите е резултат на незадоволството на народот од потпишувањето на мировниот договор и претставува израз на револт кон големите сили поради нивното учество во потпишувањето на документот со кој е распарчена Македонија.


Deprecated: trim(): Passing null to parameter #1 ($string) of type string is deprecated in /home/q0y9rzsxk4tw/public_html/velgosti.com/wp-content/plugins/simple-lightbox/includes/class.utilities.php on line 545