Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано мноштво признанија. Изложувал во Париз, Лувр, Лондон, Јапонија и секаде освојува високи признанија а за дел од кои покасно ќе се чуе. Сметаме дека е многу заслужена наградата и задоволство ми беше вчера во име на лајонс клубот да му ја доделам на Јордан Манасијески.
Критериумите се високи, наградата не е парична, само е мотивирачка затоа што знаете дека најтешко е да бидеш признат меѓу своите, во своето место.“-рече Игор Кичеец, претседател на комисијата за доделување на наградата „Горна порта“ .
Наградата „Горна порта“, Манасијески свечено ја прими вчеравечер во Етно ресторанот „Св.Петка во Велгошти на прославата на роденденот на Лајонс клубот „Охрид“ кои ја воспоставија и доделуваат оваа престижна награда.
Фото: facebook.com