КК “Колибри”  во спортската сала “Тодор Александров” во Велгошти го прослави десеттиот јубилеен роденден. Во духот на хуманоста присутните донираа финансиски средства за лекување на болното дете од Охрид.

– “Колибри” е најстарата охридска школа. Работиме успешно десет години задоволни сме од бројот на деца. Во моментов броиме околу 300 деца, број на кој што може да ни позавидат повеќе клубови од Македонија. Интересот е голем но важно е да им кажеме на младите што значи спортот. Јас како бивша репрезентативка би сакала да имаме една репрезентативка која ќе ја претставува Македонија, вели Викторија Рибароска поранешна репрезентативка.

 

– Денес го славиме нашиот јубилеј десет години од нашето постоење. КК “Колибри” како школа почна пред десет години. Имаме богата историја многу дечиња поминаа. Стигнавме до овој роденден симболично со турнир на активните членови да го одбележиме роденденот Овој мал концерт на Ѓоко Танески и Дамјан Пејчиноски ќе го намениме хуманитарно за лекување на болното дете од Охрид. Да дадеме и ние придонес за операцијата во Пекинг и еве да му посакаме што поскоро да оздрави и да биде наш член , рече Весна Балазоска тренер во КК “Колибри”.

 

 

– Нашата порака денес е младите да се занимаваат со спорт. Да ги тргнеме од пороците. Кошарката е еден од двата најпопуларни спортови во Македонија. По повод десетгодидшнината со нашите ѕвезди го одбележуваме овој роденден во духот на хуманоста за да помогнеме и ние за лекување на нашето момче од Охрид, вели Гоце Митрески тренер.